Почетна Мистерии Мона Лиза имала веѓи
Мона Лиза имала веѓи Е-пошта
mona-liza-vegji.jpgСпоред еден француски експерт за уметност, Мона Лиза првично имала веѓи. Он го анализирал ремек-делото на Леонардо да Винчи со специјална камера.

Pascal Cotte рече дека Леонардо ја насликал сликата во повеќе слоеви, последниот е со посебен сјај што и дава тро-димензионално лице на Мона Лиза. На тmona-liza-vegji-2.jpgој слој Леонардо насликал детали кои наликуваат на веѓите.

"Тоа би можело да објасни зошто веѓите се исчезнати - тие се избледени поради хемиските реакции" рече Cotte.

Тој откри повеќе тајни за Мона Лиза користејќи 240 мегапикселна камера. Со неа светлината може да се измери толку прецизно со што дури може да се види што точно има на вториот слој на сликата.

На пример, со инфро-црвена замисла се покажува дека Леонардно ја поместил позицијата на прстот на левата рака "за да добие по релаксирана позиција зачинета со насмевка"  рече Кот.

Тој рече дека Мона Лиза изгледа "сосема поинаку" од пред 500 години, кога имаше сино небо и делови од лицето не и биле толку жолти.

Основните слоеви на лицето - насликани со бела-олово боја исто така покажуваат дека било пошироко од крајниот резултат.

"Насмевката, погледот, лицето, се било пошироко", рече Cotte.

Но, Леонардо не ја променил својата идеа на половина пат рече тој. На последниот слој уметникот додал еден стаклен слој сенката со што создадат тро-димензионален ефект.

"Сега сликата изгледа сосема поразлично од тоа како тој ја насликал. Сите оптички ефекти исчезнаа."

Тој рече дека за Леонардо на Мона Лиза била "повеќе од една слика, тоа било предизвик за него да репродуцира реален живот".

Работата на Cotte "Тајните на Мона Лиза" е објавена и објаснета на една изложба во музејот на наука што се наоѓа во Манчестер која се оджа минатата недела.

Да Винчи еднаш рекол "сликњето на некоја слика никогаш не може да биде завршено, може да биде само напуштено"

mona-liza-vegji-3.jpg